Бизнис
9. May 2023 - 20:01

Само 5% од македонските компании извезуваат

Само 5% од македонските компании извезуваат. 440 домашни производи се со компаративна предност. Ваквите бројки се поразителни, состојбата мора да се промени, смета првиот човек на Стопанска Комора Азески. 

Мал е и бројот на фирми кои се директни добавувачи на странските компании кои работат кај нас. Затоа Азески  смета дека бизнисот, заедно со креаторите на политиките, треба да биде вклучен – и во конципирање на законите, а не откако ќе се донесат, да бидат повикани за да дадат мислење.

-Нам не ни треба ЕНЕР, таму веќе законите се донесени, ние треба актовно да се вклучиме, изјави Бранко Азески, претседател ан Стопанска Комора. 

Бизнисот бара предвидливост, а тоа кај нас го нема. Законите често се менуваат, преку ноќ се носат нови и тоа без консултации, смета најголемиот извозник во земјата, Џонсон Мети, компанија која вработува над 1.000 лица и до сега има вложено околу 200 милиони евра.

Состојбата и на меѓународен и регионален план не е добра. Сериозен проблем е и инфлацијата. Азески не верува дека владините прогнози за пад до 5% до јули ќе се остварат, но вели дека е добро да се биде оптимиист.

Инаку вчера статистиката објави благ пад на инфлацијата, но и натаму останува двоцифрена. Министерот за економија задоволен – цените почнале да паѓаат, а владините мерки за замрзнати цени дале резултат. Маркетите кои не продаваат по намалени цени - ќе бидат санкционирани. 

Сепак, од Стопанска Комора повикаа – во овие тешки моменти за стопанството, надлежните да не ги оптоваруваат со казни. Производите ги нема на рафтовите, затоа што добавувачите не им ги носат.