Натпревар за теренски возила во Крушево
Викендов во Крушево се одржа 4-то „Macedonian 4×4 Trophy“. Организаторот на настанот, клубот „OFF ROAD PRILEP“ уште еднаш докажа дека може да организира натпревари од европски калибар. Во Крушево дојдоа најдобрите off road возачи од целиот Балкан. Градот цели 3 дена беше адреналински центар во Македонија. Имаше како денски, така и ноќни стази низ коријата.
„Завршија тие 3 дена во кои Крушево го доживеа еден од најекстремните спортови. Офф роад возила имаше од цела Европа, ми е драго што се заврши како што треба“, вели Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „OFF ROAD PRILEP“.
„Фитбекот што го добивме од самите учесници е одличен, тие си заминаа задоволни и ветија дека повторно ќе се вратат во Македонија на ова трка“, изјави Љупчо Перканоски, дел од организацијата на настанот.
„Најважното во еден настан за да биде тој успешен е да нема инциденти. Имавме некои екипи со мали повреди, но ништо страшно. Имаше превртување, многу адреналин, мислам дека луѓето се задоволни“, рече Стефан Стојановски, дел од организацијата на настанот.
Задоволни беа и старнските возачи кои најавија дека и идната година ќе дојдат тука на ова адреналинско шоу.
„Секоја чест на организацијата, беше навистина прекрасно, се надевам дека ќе се видиме и следната година“, истакна еден од учесниците на настанот.
„Да ги поздравам пред се организаторите, ни беше прекрасно, прв пат сме тука и сигурно ќе се вратиме идната година“, додаде друг учесник на настанот.
Ова е само уште една нова содржина која започна да ја нуди Крушево во развој на алтернативниот спортски туризам кој стана вистински заштитен бренд за овој град и кој носи туристи од целиот свет.
„Чест и задоволство ми е што денеска ние како Агенција за млади и спорт учествуваме во овој нов за нас и преубав настан. И се надевам дека ова ќе стане традиција. Како и оваа така и следната година ќе бидеме покровители на овој настан“, потенцираше Наумче Мојсоски, директор на Агенција за млади и спорт.
„Крушево стана светски центар за адреналинскиот туризам, Крушево е раздвижено и ќе продолжи да се движи само во пчозитивна насока, таму ни е местото“, додаде Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
За победници организаторите подготвија и пригодни награди.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар