Рекорден број на одлични ученици
Над 90 % од родителите ургираат за повисоки оценки на своите деца во училиштата, што резултира во последните 5 години двојно да се зголеми бројот на одлични ученици. Универзитетскиот професор Кирил Барбареев, смета дека проблемот е системски и мора да дојде до длабоки реформи во образовниот процес.
- Тоа е тема која подолго го мачи ова општество и тоа не е тема за овие 10-15 години. Концептот на оценување е концепт кој што е стар 40-ина, па дури и 50 години и мора да се менува. Мора да се менува заради тоа што денес ако не сте одличен не можете да го продолжите понатамошното образование. Така што, не се виновни само родителите и треба да се биде многу внимателен во давањето на проценки, како да се пристапи кон она што треба да бидат системски решенија за подобрување на одредени процеси, изјави Кирил Барбареев, ФОН-УГД-Штип.
Она што во моментот се случува во образованието е само последица на состојбата која што ја имаме во општеството, смета Барбареев.
- Одредени брзи активности не треба да преземе само образованието, туку и другите институции, како што е МВР, Министерството за труд и социјална политика. Одредени прашања од социјален карактер на младите луѓе, како тие го минуваат времето надвор од училиште, колку им се достапни алкохолни средства и психотропни супстанции. Сето тоа е обврска и на другите институции. изјави Барабареев.
Барабареев, кој ја промовираше неговата нова книга „Размисли за образованието“, додаде дека, реформите во едукативниот систем треба да се спроведат преку мулти дисциплинарен пристап, со макотрпна работа и надминување на одредени суети во академската заедница, со јасно дефинирање дека, образовните инситуции постојат заради младите и децата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар