Филолошкиот факултет при УГД да го носи името на поетот и револуционер Ацо Шопов
Филолошкиот факултет при штипскиот универзитет „Гоце Делечев“ да го носи името на поетот и револуционер Ацо Шопов, кој е роден во Штип. Иницијатива и желба има, но се работи за решавање на правните пречки за д аможе да се реализира.
- Ние сме интегриран Универзитет во којшто сите единици се делови од УГД. Лично јас немам никаква забелешка доколку еден ваков истакнат поет биде на тронот, односно, неговото име да го носи името на Филолошкиот факултет- изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД.
На иста линија со ректорот е и деканката на Филилошкиот факултет.
- Од моја страна како декан додека ми трае мандатот, да, веќе сум се обратила конкретно за оваа работа. Тоа е многу убава работа, добра идеја, иницијатива постои, ако може факултетот да го носи името на еден штипјанец каде и што се наоѓа нашиот Универзитет- изјави Луси Караниколова-Чочоровска, деканка на Филолошки факултет-УГД-Штип.
Во Шопов е еден од камен темелниците и претставник на првата генерација на поети во современата македонска литература. Филолошкиот факултет при УКИМ го носи името на Блаже Коневски.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар