Метеопатите и хронично болните на удар на променливото време
Променливите временски прилики на дневна основа, честите врнежи и сончевите периоди, влијаат врз здравствената состојба на граѓаните. Најчести симптоми се главоболка, малаксаност и хипотензијата, односно, нискиот крвен притисок, посебно кај метеопатите.
- Оние што веќе имаат некоја хронична терапија, најдобро е редовно да ја примаат, особено оние со проблеми со крвниот притисок и кардио-васкуларни заболувања. Меѓутоа, овде влегуваат и пациентите со белодробни заболувања, астматичарите, затоа што од самата влажност и високата концентрација на алерегени, доаѓа до вложување на нивната здравствена состојба- изјави д-р Валентина Митрева, приватна ординација-Штип.
За ублажување на последиците, препорачлива е лесна и блага физичка активност, но и да се внимава на исхраната.
- Да се избегнува зачинета, солена храна, реовна хидратација, а свежото овошје и зеленчук кое во овој период изобилува да биде основно мени, без мрсни и обемни оброци- додаде Митрева
За метеопатите се препорачува да поминуваат подолг временски период на свеж возух и пешачење, со цел подобрување на циркулацијата и спречување на влошување на здравсвената состојба.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар