Бизнис
23. јуни 2023 - 16:43

ЕСМ понуди струја за 53 евра мегават час

53 евра за мегават е цената која државната ЕСМ и ја понуди на ЕВН Хоум. Оваа цена е за 3 евра пониска од сегашната и од неа најмногу зависи кoлкави сметки за струја ќе плаќаат граѓаните. Сепак, конечната одлука за новата цена која ќе се применува од 1 јули и ќе важи во следните 6 месеци, ја носи Регулаторната Комсија, каде треба да се вкалкулираат и барањата за мрежарина од ЕВН, за пренос од МЕПСО и за покривање на загубите на Електродистрибуција. Од 1 јули се враќа и ДДВ од 10 на 18% , со што се очекува  сметките да бидат повисоки. Но премиерот уверува – ценовен шок на граѓаните нема да има, цената на електричната енергија ќе остане непроменета

,,Јас можам да ги уверам граќаните дека ценовен шок нема да има и дека цената на струјата ќе сотане непроменета. Ние сме обезбедиле финансиски средства од буџетот, за да ја помагаме државната ЕСМ'', изјави Димитар Кoвечевски, премиер. 

Се разгледува и опцијата за враќање на дневната евтина тарифа, која беше најавена за 1 јули. Но, премиерот вели, истата нема да се воведе веднаш, затоа што на ЕВН и треба време  да ги подеси броилата.

,,Откако ќе се донесе одлуката, пошто неа ја носи РКЕ, ако биде донесена, на ЕВН ќе и треба време за да се подесат броилата кај сите домаќинства кои имаат право на дневна евтина тарифа'', додава Ковачевски

Од ЕВН пак велат – Регулаторна прво да ја достави одлуката, за да можат тимовите веднаш да започнат со подесување на броила. Сепак, признаваат дека време ќе им треба и не можат да  прецизираат кога би се зваршила целата постапка.  

Премиерот вети и понисика цена на струјата и за малите потрошувачи., кои се снабдуваат на регулираниот пазар. Вели дека во буџетот се предвидени пари за субвенцинирање на сметките и за над 72 илјади фирми, за да можат да ги одржат бизнисите. .