Бизнис
26. јуни 2023 - 16:49

Ќе се бара нов помирувач меѓу УЈП и Синдикатот

Се бара нов помирувач меѓу Синдикатот на УЈП и власта. Професорот Лазар Јовевски денеска побарал изземање од постапката заради запазување на законските рокови.

За Сител вели дека поради итноста на постапката, во рок од 3 дена морал да свика состанок меѓу двете страни. Но, Јовевски не е во државата, па затоа денеска пабарал од Mинистертсвото за труд да го изземат. До крајот на денот, од листата помирувачи, министерството треба да назначи нов. Истиот има рок од 3 дена да закаже средба со Синдикатот и директорката на Управата. Од исходот ќе зависи дали и кога ќе се одржи штрајкот.

Вицеперемиерот Битиќи пак, е оптимист. Се надева дека генерален штрајк во УЈП нема да има 

- Jас сум оптимист дека решение ќе се најде и дека мерката на генерален штрајк не би требало да се случи затоа што сметам дека тоа што вработените во Управата за јавни приходи, како и сите други вработени во јавниот сектор заслужуваат достоинственост на работните места каде работат и платите кои ги добиваат, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Од Синдикатот не остапуваат. Или повисоки плати или штрајк. Велат дека датумот кога би се одржал не им е важен, туку само да се најде решение, однoсно пари за 30% зголемување на платите. Додека го чекаат новиот медијатор, секојдневните протести на вработените продолжуваат.