Штипскиот универзитет го распиша огласот за прием на нови студенти
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ го распиша огласот за прием на нови студенти за академската 2023/2024-та година. Роковите за пријавување во прв уписен рок се од 21 до 24 август, а во меѓувреме студентите може и електронски да се пријават.
Согласно планот слободни места има за 2 236 редовни студенти, од кои 900 места се за студенти со кофинансирање и 770 за вонредни студенти. Од годинава вклучени се и нови програми.
- Компјутерско инжинерство на англиски јазик, комплетно нова програма која е во фаза на акредитација, но се надеваме дека до почетокот на конкурсите ќе биде завршена постапката и ќе може и на таа студиска програма да примиме студенти. Од претходно активни се студиската програма за Општа медицина на англиски јазик и Меѓународно право на Правниот факултет. Дополнително, имаме неколку групи коишто целосно на англиски изведуваат настава на англиски јазик, на филмската и музичката академија- изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД- Штип.
Дел од студентите со одличен просек од средно образование ќе бидат ослободени од плаќање партиципација во прва година. Најголем број партиципации ќе има на факултетот за медицински науки, а најмалку на Ликовна и Филмска академија.
Во моментот на УГД студираат 7.000 активни студенти, од кои околу 400 до 500 се активни странски студенти и уште толку кои имаат подготвителна настава на македонски јазик.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар