ДДВ-то за луксузната храна и данокот на солидарност ќе се туркаат со европско знаменце
По скратена постапка, со европско знаменце ќе се носи Солидарниот данок и данокот за повисоко ДДВ за луксузните прехранбени производи. Најавената даночна реформа која требаше да стартува од 1 јануари, сепак ќе се реализира.
Иако бизнис заедницата бараше повлекување на овие закони од Собранието и во целост стопирање на постапката, од Министерството за финансии причинатa за повлекување ја гледаат во долгиот период за не отворање на дебата во собраниските комисии, а не да се задоволат барањата на бизнисот.
Бидејќи станува збор за закони со кои се врши усогласување со европските директиви и имплементација на препораки, ќе бидат испратени повторно до Собранието со цел да се вклучат во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), велат од финансии.
Предлог законите беа доставени во Собранието уште во ноември. Но пратениците од ВМРО ДПМНЕ , чии членови претседаваат со комисиите, не ги ставаа на дневен ред. Затоа ќе се носат по брза постапка.
Законите кои се дел од даночната реформа – закон за данок на добивка и закон за додадена вредност предолго беа во процедура во Собранието и воопшто не беа разгледувани од Комисијата за финансирање и буџет и за тоа претседателот на Комисијата не даде објаснување зошто не се разгледувани. Со оглед на тоа дека тие закони се работени заедно со меѓународни финансиски институции, вклучително и делови од Европската комија задолжени за финансии, Владата одлучи да ги повлече, пред се затоа што воопшто не беа разгледувани, а се дел од даночната реформа, изјави Димитар Ковачевски премиер.
Бизнисот вчера алармираше, помина половина година од најавената даночна реформа. Дел од компаниите веќе ја распределија добивката, поделија дивиденди, посебно странските. Секое носење ќе значи сериозен финансиски удар врз нив. Но, првиот човек на ТИРЗ, каде работат странските компании вели дека немало многу забелешки.
Со Солидарниот данок државата планираше да собере 90 милиони евра. од компаниите кои во 2022-та имале приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек. Измените во законот за ДДВ пак, се однесуваа на луксузните производи, како перки од ајкула, морски плодови, тропски овошја – за кои е предводено повисока стапка, бидејќи ги купувале побогатите граѓани.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
