Голем интерес на огласот во штипската болница
Штипска клиничка чека на тестирање на кандидатите пријавени за вработување, за да ја направат конечната ранг листа. Според првиот човек на болницата, радува фактот што докторската професија се уште е атрактивна кај младите луѓе, па за 8 работни места конкурираат дури 44 лекари.
- И покрај тоа што изминатиов период е зголемен интересот за заминување во странство на дел од медицинските работници, сепак, се уште имаме кадар кој има желба да работи овде и се има пријавено за работа во Клиничка болница – Штип. Значи се уште работата доктор на Клиничка е предизвик за многу млади доктори, ја гледаат овде својата иднина, изјави Ален Георгијев, директор на клиничка болница - Штип.
Средното медицинско училише е расадник за медицински сестри, но за ова работна позиција интесот е доста помал.
- Примаме 6 медицински сестри, а имаме пријавено само 10 кандидати, од коишто 9 работат кај нас со договор на дело, што значи дека буквално е огарничено на оние кои веќе работеле кај нас и ме изненадува бидејчи нема поголем број на пријавени кандидати, додаде Георгијев.
На актуелниот оглас ќе се примат вкупно 16 здравствени работници, но Георгијев истакна дека многу поголем дел од медицинскиот кадар се одлеал во изминатиот период, поради што најави дека до крајот на годината ќе следува нов бран на вработувања.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар