Високите температури носат опасност од шумски пожари
Екстремно високите температури и ниската влажност на воздухот креираат идеални предуслови за големи шумски пожари. Секако, важна улога има и човечкиот фактор, па со завршување на жетвата на јачменот и пченицата, честа пракса е земјоделците да ги палат стрништата, што може да доведе до огромна материјална штета.
-Да не се пали оган на отворено и необезбедено место. Земјоделците да не палат стрништа и други земјоделски посеви. Исто така, да не се пали отпад и лесно запаливи материи, а секако граѓаните имат должност доколку видат оган на отворено, да известат на 193, во протипожарната единица, за да може да се реагира навременео, за да не дојде до пожари со поголеми размери- изјави Дарко Коцев, командир на ТППЕ-Штип.
За да не се повтори летото 2021-та, кога пожари беснеа во Кочани и околината, беше формирано доброволното противпожарно друштво. Во изминатиот период друштвото обезбеди лична заштитна опрема и прирачни средства за членовите за гаснење на пожари.
-Доброволното противпожарно друштво во своето не полно двегодишно постоење, успеа да обезбеди и едно противпожарно возило, едно пратечко противпожарно возило и возило за технички интервенции и превоз на повеќе пожарникари на дадените локации, изјави Златко Илијев, претседател на ДПД-Кочани.
Пожарите кои го зафатија источниот регион пред две години оставија огромна штета, а санацијата и обновата на шумскиот фонд ќе трае со години.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар