Од денеска отворен конкурсот за сместување во студентските домови
Од денес, па до 31 јули ќе трае Конкурсот за сместување на студентите во студентските домови. Во државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип и во два приватни домови има места за сместување на 350 студент.
- Ние како студентски дом „Браќа Миладиновци“ располагаме со 236 легла, од кои 20 проценти, или некаде околу 44 легла се предвидени за бруцоши и тие ќе бидат пополнети некаде во месец септември. Останатите очекуваме дека ќе бидат пополнети во овој Конкурс, вели Јордан Насев, директор на студентскиот дом ,,Браќа Миладиновци”- Штип, изјави Јордан Насев, директор на студентски дом.
Насев очекува до септември да биде завршена и реконструкцијата на внатрешниот дел во студентскиот дом и студентите да бидат пречекани во нови услови.
- Ние сме влезени во реконструкција на студентските домови кои што се координирано преку проектна единица преку МОН. Се работи за три лота, ние сме ставени во вториот, а првиот уште не е започнат. Во моментот вршиме реконструкција со сопствени средства, односно околу еден милион денари имаме одвоено од сопствениот буџет и во моментот се врши внатрешна реконструкција на собите и заедничките простории, додава Насев.
Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација. Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен на 5 септември, а за студенти од прва година на 30 септември
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар