Топлотниот бран кој ја зафати Македонија го зголеми бројот на интервенции и во Итната помош во Штип
Топлотниот бран го зголеми бројот на интервенции во Итната помош во Штип. Доктор Вероника Ефремова вели дека откако државата е во портокалова фаза, за 30 % им е зголемена работата и во просториите на Брзата помош, но и на терен,
- Викендите имаме повеќе работа и тоа е зголемена за 30 проценти, од причина и што не работат матичните лекари, па и Итната медицинска помош и тогаш интервенира, изјави д-р Вероника Ефремова - Итна помош Штип.
Пациентите најчесто се жалат на варијација, но и на покачен крвен притисок, а лекарите забележале и појава на стомачни вируси.
- Им препорачуваме на хронично болните да се пие терапијата, да не се излегува непотребно надвор, да се седи дома и да се пие поголема количина на течности, додаде Ефремова.
Остануваат и препораките да се носи светла и лесна облека, заштита на главата и шише со вода. Високи температури синоптичарите најавуваат и за следните 10 денови.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар