Штипските ловџии во иднина ќе мора да носат елек и капа во портокалова боја
На стартот на новата ловна сезона, за штипските ловџии ќе важат нови правила за лов. Новина е што секој член на Ловечкото здружение „Ловец“ добива елек и капа во портокалова боја, кои задолжително треба да се носат во текот на ловот. Ова е од безбедносни причини, за да бидат полесно видливи за останатите ловци. Доколку не се придржуваат на правилото, ќе следуваат санкции.
- За време на ловот на нашите ловишта, секој ловец мора задолжително да ја носи на себе ваквата облека. Во спротивно, доколку биде забележан од нашата ловочуварска служба ќе биде принудно исклучен од ловот и по автоматизам ќе му биде одземена дозволата за лов, изјаи Стефан Панев, секретар на ЛЗ „Ловец“-Штип.
Од 2-ри август започнува новата ловна сезона на прелетен дивеч. Ловни денови се сабота и недела како и државни празници, а право на лов имаат членовите кои платиле членарина за 2023 година. Во завсиност од периодот како и старосната граница на ловџиите е и висината на членарината. Ловот ќе се одвива на строго утврдени ловиштата на ЛЗ „Ловец“ од Штип.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар