Вработените мајки да не се соочуваат со проблеми доколку сакаат да ги дојат своите бебиња
Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, советуваат неонаталозите. Мајката има право на платени паузи за доење, па потребно е истите да се користат со цел мајката да не прекине предвремено да го дои своето бебе.
Не треба мајките да изберат работа, а да не доат. Тоа се постигнува со основните мајчински права, платеното породилно отсуство, ама и кога ќе се вратат на работа треба работното место да биде прилагодено, да има пријателско опкружување, да има паузи за доење или измолзување на млеко и посебни објекти, соби каде што тоа ќе се спроведе, изјави Валентина Златковска, началничка на одделот за Неонатологија-КБ-ШтипВАЛЕНТИНА ЗЛАТКОВСКА, НАЧАЛНИЧКА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕОНАТОЛОГИЈА-КБ-ШТИП
Македонското законодавство предвидува паузи за доење за време на работа, но проблем е тоа што ретко овие права се искористени.
Вниманието треба да биде свртено кон тоа овие паузи да бидат спроведувани од работодавачите и мајките да си ги бараат тие права. Платени паузи за измолзување, дали на работното место, дали дома, важно е работата да не биде пречка детето предвереме да остане без мајчино млеко, додава Златковска.
Според податоците, половина милијарда мајки на светско ниво се лишени од можноста да ги уживаат своите мајчински права кои ги заслужуваат.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар