Сообраќајната култура - Голем предизвик за слепите лица
Градската инфраструктура и понатаму пречка за нормално функционирање на слепите лица во Штип. Поставената вертикална сообраќајна сигнализација и паркираните возила по тротоарите го отежнуваат движењето на слепите и лицата со оштетен вид. Првиот човек на здружението Драги Витанов, ќе бара средба со градските власти за решавање на овој долгогодишен проблем.
- Ќе настојуваме пак во соработка со ЈП „Стипион“ да продолжиме да ја имплементираме таа активност, а тоа е дислокација на сообраќајните знаци од тротоарите на десна страна од тротоарот, за да можат слепите лица и лицата во инвалидски колични да се движат непречено- изјави Драги Витанов, претседател на Здружение на слепи лица за Штип, Пробиштип, Радовиш и Карбинци.
Витанов додаде дека радува фактот што беше усвоено нивното барање, лична асистенција да користат и слепите лица над 65 годишна возраст, што беше голем проблем, зашто кога најмногу им беше потребно, го губеа тоа право.
- Најголем дел од слепите лица имаат право на лични асистенти и ја користат таа можност. Овде имаше еден предуслов кој требаше да се исполни, а тоа е, лицето да биде примател на нега од друго лице. Само така може да биде корисник на оваа бенефиција- изјави Витанов
Здружението во 4-те општини брои 90 ленови. Лични асистенти имаат околу 60 % од нив, кои им помагаат на слепите и лицата со оштетен вид во извршување на секојдневните обврски
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар