Македонија
23. August 2023 - 12:31

40 средношколци од Кочани ќе се обучуваат за пожарникари волонтери

Вкупно 40 средношколци од 2 кочански училишта ќе се обучуваат за пожарникари волонтери. Носител на проектот е Доброволното протвпожарно друштво – Кочани, во соработка со Црвениот крст и територијалната противпожарна единица. Ќе бидат формирани 2 работни групи, а учениците треба да се стекнат со специфични знаења за превенција и гаснење на пожари и справување со други елементарни непогоди. 

- Сакаме да ја зголемиме подготвеноста на овие млади луѓе, но и да ги поттикнеме да бидат волонтери и да членуваат во едно вакво друштво. Идејата за овој проект се јави, пред се, поради тоа што пожарникарството кај нас е професија која е прилично не сериозно сфатена, затоа работиме на целокупно подигање на јавната свест за пожарникарствтото како професија, која во светот е на многу повисоко ниво- изјави Златко Илијев, претседател на ДПД- Кочани.

Ќе се спроведат практични и теоретски обуки и работилници. Обуката ќе трае 6 месеци, а крајна цел е учениците да волонтираат во доброволното противпожарно друштво на кое му се потребни млади членови.