Македонија
25. August 2023 - 16:34

Нов скандал на Касами - Тетовскиот градоналачник повторно даваше изјава пред знаме на „голема Албанија“

Знамето на Голема Албанија пак се вее во Тетово. На настан оорганизиран од градоначалникот Касами, зад него во пар со албанското знаме развиорено е и знамето на непостоечка држава во која е вметната и дел од територијата на Македонија. Според тетовскиот градоначалник, знамето кое се вее зад него додека ја дава изјавата е револт на граѓаните кон власта.

Случајот веднаш се најде под лупа на МВР.. Велат, ТЕЛОП: „СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот и ќе бидат преземени сите мерки и активности согласно законите“, но не откриваат дали ќе го симнат знамето.

Истакнувањето на ново знаме со Голема Албанија доаѓа по неполни две седмици откако тоа беше иконографија и на прославата по повод посетата на Курти. За овој настан Касами веќе објави дека тој и општината заработиле прекршочни пријави заради неистакнување на македонското знаме, а колкава глоба ќе платат треба да одреди тетовскиот суд на 15ти идниот месец. Според Касами, пријавите ги побарала владата, а наредбата ја спровеле полицијата и судот.

Прекршочни за неистакнување на македонското знаме при посетата на Курти, заработи и градоначалникот на Чаир, но неговата пријава се уште не е пристигната до судот.

За неистакнување на македонското знаме, според законот за прекршоци предвидени се парични казни. Се движат од 20 до 50 илјади денари, а сумата ќе ја одреди судот.