Бизнис
6. September 2023 - 16:31

До крајот на декември броилата ќе бидат подготвени за евтина тарифа

Нема евтина дневна струја ако не се дозволи читање на броилото. ЕВН со апел до граѓаните – да им овозможат на екипите пристап до броилата, за да се направи сетирање на истите. Останатите, околу 200 илјади домаќинства, кои имаат смарт броила , од 1 декември од 13 до 15 часот ќе користат евтина тарифа  

Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата. Во викенд куќите не можеме да ги  сетираме  броилото ако куќата е затворена.  Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме.

-Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата, изјави Сашо Салтировски, директор на Електродистибуција.

 Во Арачиново и Липково , кои се години беа на листат најолеми неплаќачи ан електрична енергија, Салтировски уверува дека проблемите се надминати. Броилата се извадени на улица и сега загубите  се сведени на 10%. Најголеми неплаќачи, oд ЕВН велат се жителите на Скопје

Скопје е регион со најголеми загуби. Тетово има помали загуби од Битола. Тоа не е секогаш поврзано етнички како што беше прикажано. Кичево и Струга имаат мали загуби, во Скопје загубата на струја е 20%. Дали сте во Лисиче, дали сте во Драчево, особено во руралниот дел каде што нема колективни згради, секаде има загуба“, рече директорот Салтировски.

Граѓаните кои се сомневаат дека сметките им се повисоки од потрешената електрична енергија, можат да пријават, за да им се провери броилото

Инаку евтината дневна тарифа, која се користеше од 14 до 16 часот, беше укината во  јануари  2022 та година, кога се воведоа блок тарифитиоте .