Македонија
27. September 2023 - 16:37

Пензионерите од Свети Николе најавуваат радикализирање на протестите

Независно каква одлука ќе донесе работната група, светиниколските пензионери продолжуваат со протестите, зашто како што велат, немаат доверба дека Владата и Минитсерството за труд и социјала ќе им го исполни барањето за линеарно покачување на пензиите за 3500 денари. Најавија дека од утре ќе преземат радикални мерки и повеќе нема да бираат начин и средства за да си ги остварат своите права.

  • Патиштата, односно, улиците, овде во Свети Николе ќе ги блокираме од утре, со земјоделска механизација и жива сила. Имаме мотики, стапови, гребла, камења и бехатон плочки и тоа ќе ни биде нешто што следниот пат ќе го носиме и во Скопје, за да им покажеме дека ние не сме деца, дека не можат да си играат со нашите нерви и со нашето трпение. Ако можеше за нив за 7 саати да донесат одлука да си ја покажат нивната плата за 78%, зошто нас месец и кусур не влечкаат со некакви си изјави, со некакви комисии, со некои работни групи- изјави Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе.

Иако им беше ветено дека работната група уште пред една недела ќе излезе со конкретни предлози, на 3 дена пред распределба на септемвриските пензии, се уште не им е познато колкаво покачување ќе има.