Меѓународен ден на белиот стап - сметки на браево писмо во Штип
Од утре слепите лица сметката за вода и комунален отпад од ЈП Исар од Штип ќе ја добиваат на Брајово писмо. Здружението на слепи лица ќе достави список до претперијатието, нивните членови да добиваат посебни сметки. Ова е првпат во државата да се воведе ваква пракса.
- Се договоривме за лицата кои го познаваат Брајовото писмо и кои можат да се служат со него, да ги изготвуваме месечните сметки за потрошена вода или кумунални услуги на Брајово писмо, за да може тие самите да видат колку потрошиле, колку треба да платат и слично. Тоа до сега го нема никаде во Македонија – Драги Витанов, Здружение на слепи лица –Штип.
Поголем дел од слепите лица во градот имаат и лични асистенти со што им се олеснува начинот на живот.
- Личната асистенција повеќе се однесува на помош или асистирање надвор од домот, додаде Витанов.
Од ОО на Црвениот крст информираат дека досега се организирани 4 обуки во чии рамки се обучени 34 лични асистенти.
- Личните асистенти посетуваат двомесечна обука која што е составена од 200 наставни часа, практична и теоретска настава и практично тие ги изучуваат сите вештини кои им се потребни за да бидат асистенти на лицата со попреченост. Во следниот период ќе се објави и нов кункурс за обука на личен асистент на лице со попреченост- изјави Деспина Димитровска, Секретар на Црвен крст-Штип
По повод 15-ти октомври, „Денот на белиот стап“, градоначалникот на општината Иван Јорданов на Здружението му додели ваучер од 15 000 денари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар