Како да се реши одлагањето текстилен отпад во Штип?
Отпадот кој го продуцираат текстилните фабрики во Штип, чини 40 % од вкупниот индустриски отпад. Изразено во апсолутни бројки, на градската депонија на годишно ниво се одлага од 600 до 700 тони текстилен отпад. Законот за посебен третман на текстилниот отпад стапи на сила на 1 јануари годинава. Но, според Борис Шарковски, од Фондацијата за развој на локалната заедница, законодавецот беше прилично амбициозен по одредбите на Законот, а институциите кои треба да го спроведат немаат капацитет.
- Само како пример, дека, во Македонија до 2030 ќе нема да има текстилен отпад, односно, дека ќе има нула текстилен отпад, целиот ќе биде реупотребен или прераробетен или рециклиран. Ова и на лаик му е јасно дека нема да се случи, знаејќи ја ситуацијата сега. (Не)подготвеноста на институциите не е само поради нивната незаинтересираност, туку заради тоа што треба да се дополнат нивните капацитети. Надзор над Законот треба да врши државниот инспекторат и локалните инспектори за животна средина. Такви во повеќето од општините ги има, или малку или воопшто ги нема и не можете да очекувате да врши надзор човек кој што не постои, изјави Борис Шарковски, Програмски директор на ФРЛЗ
Најзасегнати се текстилните компании кои плаќаат дополнителни средства за одлагање на градските депонии.
- Имаат проблем со царинските декларации, кој отпад е царински, кој не е царински и затоа текстилните компании се најрасположени да ова прашање се реши, додаде Шарковски
На македонските депонии годишно се депонираат по 6000 тони текстилен отпад.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар