Штипска клиничка болница освен од медицински, има недостаток и од технички персонал
Штипска Клиничка болница освен од медицински, има недостаток и од технички персонал. Речиси на сите одделенија има потреба од хигиеничари и болничари, а на некои состојбата е алармантна, како гинекологија, ортподеија и интерно одделение. Првиот човек на болницата од Министерството за финансии бара согласност за нови 20-ина вработувања, исклучиво за технички персонал, но се уште се чека на потпис од министерот.
- Јас искрено се надевам дека конечно ќе одговори позитивно министерот за финансии, бидејќи со некои места за кои се побарани вработување имаме сериозни проблеми, пред се мислам на техничкиот кадар како болничари и хегиеничари. На некој одделенија веќе имаме сериозен недостаток и тоа се одразува негативно на работата и квалитетот на здравствените услуги, изјави Ален Георгијев-Директор на Клиничка болница-Штип.
Се уште не е во функција апаратот за магнетна резонанса, а пациентите од истокот се приморани ваквите испитувања да ги прават во Скопје. Постапката е завршена, сега се чека само на сервисерот.
- Кога овластениот сервисер и дистрибутер ќе го добие делот ќе дојде и ќе го монтира. Тогаш ќе го ставиме во функција апаратот. Во моментот не можам точно да ви кажам кога тоа ќе се случи, додаде Георгијев.
Освен со сопствени средства, штипска клиничка со медицинска апаратура и ентериер се снабдува од донации. Денеска од Франција доби 10 електрични болнички кревети.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар