Штипјанка роди четворка, три машки и едно женско бебе
Три момчиња и едно девојче се новите рожби на штипјанката Благица Зикова. Благица завчера на Универзитетската клиника за гинекологиј аи акушерство во Скопје на свет донесе 4 ноороденчиња. Бебињата се родени во 31-та недела од бременоста и се во добра здравствена состојба. Штипскиот градоначалник денеска изјави дека со радост ја примил убавата вест и вети сестрана и сесрдна помош од општината за многу детното семјство.
- Еднократно парично ќе погнемем како општина за семејството, но и дополнително, ќе ја искористам приликата во текот на денот да искомуницирам со членовите на семејството, за да се одблизу информираме и осознаеме за економскиот статус на самото семејство и потребата од доплнителна поддшка во рамки на нашите надлежности. Секоја поддршка е добродојдена во овој момент и навистина ова се убави вести кои заслужуваат поддршка не само од институциите, туку и од сите добронамерници-изјави Иван Јорданов
По 5 години во брак ова се првите дечиња на штипјаните Благица и Александар Зикови. Бебињата во моментот се во инкубатор, зашто се родени порано, а Благица стравува дали ќе добие породилно отсуство, зашто не се поминати 6 месеци од работното осигурување. Се надева дека надлежните ќе им излезат во пресрет и ќе може да остане да се грижи за своите 4 чеда.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар