Македонија
14. November 2023 - 19:47

Кавга меѓу Арсовска и Славески, градоначалничката ги нарече советниците од ВМРО-ДПМНЕ „Мицковисти“

Градоначалничката на Скопје по подолго време се појави на вонредна седница на Советот на Град Скопје, но наместо да се дискутира за тоа дали ЈСП треба да добие субвенции, таа се искара со претседателот на Советот, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ  ги нарече „Мицковисти“. Сепак, советот даде зелено светло за предлогот и јавното сообраќајно претпријатие ќе добие дополнителни 110 милиони денари.

Кавга меѓу Арсовска и Славески ја фрли во сенка тешката финансиска состојба на ЈСП за која беше свикана вонредна седница. По иницијатива на градоначалничката, советниците се собраа за да се изјаснат дали ЈСП треба да добие дополнителни 110 милиони денари субвенции.

Наместо да се дебатира за оправданоста на парите, Арсовска ги нарече советниците од ВМРО-ДПМНЕ „Мицковисти“ и го обвини претседателот на советот дека го фалсификувал списокот со пристутни, па затоа со месеци не биле исплаќани паушали.

И покрај тензиите, мнозинство од советниците кренаа рака и предлогот беше одобрен.

Овие 110 милиони денари се неопходни за, како што рече директорот, да се исплатат плати на вработените во ЈСП.

Двапати немаше мнозинство за предлогот бидејќи дел од советниците рекоа дека не знаат каде се трошат народните пари.