Македонија
17. November 2023 - 21:16

Јаневски: Македонија, Србија и Албанија треба да бидат една туристичка дестинација

Отворен Балкан донесе илјадници странски гости. Само во првите 9 месеци од годинава, во Македонија имало над 2 милиони и 700 илјади ноќевања. Од нив, дури 10% се српски туристи. Целта е оваа бројка до крајот на годината да порасне на над 3 милиони резервации и повеќе од 530 милиони долари туристички промет.

Туризмот не познава граници, туку само дестинаци, вели првиот човек на Агенцијата за туризам. Според него, Македонија, Србија и Албанија треба да се промовираат како една туристичка дестинација.

Јас сум сигурен дека веќе од туристичка гледна точка ние немаме граници. Треба во наредните две до три години заеднички да се промовираме како една туристичка дестинација со пакети од 5, 7, 14 дена за некои други дестинации со коишто ќе овозможиме непречено движење на туристите, поголем број на атракции, поголема конкурентност од другите дестинации“ - Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за туризам

Значајна улога за презентација на туристичките можности има и саемот за вино, храна и туризам „Винска визија“, а агенцијата планира повеќе проекти, со патно означување на винските патишта, изработка на винска туристичка мапа и дигитални алатки преку кои туристите ќе учат за традицијата, историјата и македонските вина.

Ние, според мене, во наредните неколку години ќе успееме да ги зголемиме регионалните туристи за 40 до 50%. Во рамките на ОБ имаме повеќе од 10 милиони странски туристи. На тој начин ќе овозможиме подобра оптималност на пополнување на сместувачките капацитети и како дестинација ќе бидеме многу попримамливи кај инвеститорите“ - Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за туризам

Иницијативата Отворен Балкан е поддржана од САД и ЕУ, а досега потпишани се дваесетина заеднички договори.