Анкета: Србија најголем пријател на Македонија, граѓаните најмногу веруваат во вестите на Сител
Србија е најголем пријател на Македонија, покажува истражувањето на Преспа институтот. Такво мислење имаат над 38% од испитаниците, а потоа следат Европската Унија и САД.
70% oд граѓаните сметаат дека членството во Европската Унија е најдобра опција за државата, а 24% велат дека треба да бараме друга опција.
Според партиската структура, пак, над 53% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ се за ЕУ, 90% од СДСМ, а од новоформираното Демократско движење цели 100%.
78% од анкетираните велат дека ЕУ е добра заради економскиот развој и новите работни места, 2% сметаат дека ќе ни ја сменат историјата, а само 0.5% стравуваат дека ќе го загубиме јазикот.
„Споредено со мај месец кога 60% од анкетираните рекле дека ако во недела се одржи референдум за членство во ЕУ би гласале ЗА, сега 67% рекле дека би гласале ЗА“ – Андреја Стојковски, Институт Преспа
На прашањето Дали би поддржале уставни измени во кои земјава треба да го дополни уставот и да ги вклучи бугарската, црногорската и хрватската заедница, 39% одговориле „Не за сите“.
Ист процент испитаници, рекле дека поддршката за уставните измени на некоја од политичките елити нема влијае на нивниот глас на следните избори, оти нивната опција секако не ги поддржува.
Над 60% од испитаниците, не би ги поддржале ниту Преспанскиот, ниту Договорот за добрососедство со Бугарија ако треба да се потпишат допрва.
Телевизија Сител останува на врвот, далеку над конкуренцијата, како медиум кој ужива најголема доверба кај граѓаните кога станува збор за вести за геополитиката, меѓународните односи, како и за важни политички прашања.
Анкетата е спроведена во период од 23 ноември до 11 декември, на репрезентативен примерок од 762 испитаници.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
