Возбудлив дочек на 2024-та година на Плоштад „Македонија“
Ваква атмосфера владееше вчера меѓу граѓаните кои решија Новата година да ја дочекаат на Плоштад Македонија. Имаше гости и од регионот. Полни беа и скопските локали, кои со гласна музика и многубројни гости славеа до раните утрински часови.
За добрата забава беа задолжени исклучиво македонски музички ѕвезди. Се пееше и забавно, и народно.
Домаќините на централната прослава за дочекот на Новата година, и дел од изведувачите за Сител ги открија своите желби за следната година.
И градоначалничката на Град Скопје реши да ја помине новогодишната ноќ на Плоштад Македонија.
И додека европските метрополи Новата година ја дочекаа со спектакуларни огномети, тоа не беше случајот со Скопје. Надлежните од градот решија парите што вообичаено ги троши за традиционален огномет, годинава да ги донира во хуманитарни цели.
И покрај апелите на полицијата, дел од граѓаните сепак си приредија дочек со пиротехника.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
