Спасовски на работна посета во САД
Да победат чесните, наспроти корумпираните е клучната порака од заедничката средба меѓу министерот за внатрешни работи и Џејмс О’Брајан, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија во Вашинтон. На истата, Спасовски потенцирал дека сите директиви и лицата ставени на листата на санкции на САД ќе бидат ставени во законска рамка, за да немаат можност да учествуваат во јавни набавки, да бидат дел од Владата, ниту пак да бидат кандидати за извршување јавни функции.
Како дел од тридневната работна посета во Вашинтон, која завршува денеска, првиот човек на полицијата се сретна и со конгресменката Лиза МекКлејн, од која побарал поддршка во процесот на визна либеризација за нашата држава.
Експертите за безбедност стојат на ставот дека самостојно можеме да постигнме само делумни резултати, но оваа посета на Спасовски била доказ за силната соработка што ја имаме воспоставено со САД, но и потврда дека ќе останеме нивниот најсилен и најстабилен партнер во регионот.
„Во овој момент многу тесно соработуваме со властите, особено за внатрешните движења на мигрантите, за движењата на терористите поврзано со сајбер криминалот ........ ќе продолжи и понатаму соработката“.
Во фокусот на денешните средбите на министерот Спасовски со високи претставници од САД ќе биде и евентуалното отворање на регионален меѓународен центар за заштита на децата во Македонија, кој моментално го има на американско тло, во Индија и Велика Британија.
„Ние претендираме да направиме таков еден единствен центар во регионот.. канцеларијата да биде во Скопје, да оствариме таков резултат тоа ќе биде за заштита на сите деца и во мкд и во регионот“
При работната посета на Вашингтон, фокус на средбите што министерот ги оствари со прпетставници на американските власти, беше ставен и на сајбер безбедноста, патот на земјата кон ЕУ, обуките за криминалистички истраги, како и на внатрешната безбедност на граѓаните.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
