28-годишен скопјанец зад решетки, се сомничи дека ја убил баба му
Нов случај на фемицид ја згрози јавноста. 28-годишен скопјанец е осомничен дека ја убил својата баба во Ново Лисиче. Свирепото убиство се случило пред два во нејзиниот дом, но дури денеска се најде во полицискиот билтен.
Убиството на 73-годишната скопјанка се случила токму во зградата позади мене. Според информациите на скопското обвинителство, осомничениот со умисла го лишел животот на баба му. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.
Обдукцијата покажала дека бабата починала од здобиените повреди. На внукот на починатата, му е одреден 30-дневен притвор.
„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство“, информираат од обвинителството.
Инаку, претходната година биле извршени 8 фемициди во Македонија.
Само 2 биле пријавени од 8, тоа значи дека семејното насилство не се пријавува...се трпи па се доведува до најлошото.
Надлежните апелираат до сите жртви на насилство, да се охрабрат и веднаш да побараат помош од институциите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
