Македонија
8. February 2024 - 16:33

Следната недела започнува реконструкција на Универзална сала

По прекин од две години, следната недела конечно ќе почне реконструкцијата на Универзална сала. По долгомесечни натегања меѓу Град Скопје и министерството за култура за предавање на целосната документација, изведувачот веќе од понеделник ќе влезе да го чисти објектот, па потоа да се започне со градење. Министерката за култура се пожали дека на потежок начин, поточно преку ургенции, дошле до сите потребни документи за реконструкција на Универзалната сала.

- Ни на крај памет не ни текна дека нема да ги добиеме документите. Молевме за докумнети, преку ургенции Не треба да има политички препукувања, особено за салава....,“ кажа министерката за култура.

За салата, која според министерката досега требало да биде фунцкионална, биле обезбедени пари за нејзина тригодишна реконструкција, практично за да нема прекини во целиот овој процес.

„Таа ода заврши.... сега останува уште договор за банкарска и следната недела изведувачот ќе си влезе, парите му се обезбедени, процесот му е завршен и ќе може да започне со реконструкција“, кажа Костадиновска - Стојчевска.

Универзална сала две години си стои отворена и нефункционална. Екс градоначалникот Шилегов почна со првата фаза од нејзината реконструкција, непосредно пред локалните избори во 21 година, но тогаш не се работеше ниту цел еден месец. Откако Арсовска стана градоначалничка, сите градежни работи беа стопирани.

Денеска, салата е во рацете на Владата, а откако ќе биде завршена нејзината реконструкција, ингеренциите повторно треба да бидат вратени на Град Скопје.