Македонија
10. February 2024 - 16:54

Tројца Албанци се вработени во Национални шуми во Кратово иако не живеат тука, вели ВМРО-ДПМНЕ

Тројца Албанци се вработени како дрвосечачи во Кратово, иако според пописот во општината нема таква етничка заедница, обвинува општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во фејсбук статус пишуваат:

„Вработени се 3 лица од албанска етничка припадност. Според последниот попис во Кратово нема такви лица, ниту пак се жители на Кратово. Сето ова е резултат на лошата политика на СДС и ДУИ, кои знаејќи дека на следните избори ќе ја изгубат власта, сакаат да направат уште поголем хаос, не водејќи никаква сметка за доброто на граѓаните гледаат што повеќе да искористат“.

Според официјалните податоци од пописот, од вкупно 7 и пол илјади попишани, во Кратово како Албанци се изјасниле 8.

Директорот на Национални шуми за Сител вели ова се првични резултати и избраните кандидати се уште немаат потпишано договори за вработување.

Груевски вели дека од трите огласи вработени се над 400 лица, но не знаеше колкумина од нив се Македонци, а колку од другите етнички заедници.

Потенцира дека вработените не мора да работат во градот каде што се пријавиле, туку и на други места. 

Медиумите веќе пресметаа дека од речиси 400 работници на огласите, се бараа дури 230 Албанци. Позиции за Албанци имаше во оние општини каде што нивниот број е под 30, а отворено место за Македонец немаше во Кочани, Крива Паланка, Валандово, Прилеп, Велес, Струмица, Демир Хисар...