Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
Руската армија жестоко и возвраќа на Украина за нападот со американски проектили Атакмс во регионот Брјанск. Цели се инфрастуктурата на воените аеродроми, енергетските објекти кои ги поддржуваат активностите на воено индустрискиот комплекс на Украина, како и магацините за противвоздушна одбрана. Сирените за тревога се огласија и во Киев. САД објавија дека добиле предупредување за потенцијало значаен руски воздушен напад врз украинската престолнина во текот на денот, и привмрено ја затворија амбсадата. Потегот го следеа и Шпанија , Италија и Грција. Во обид да го запре руското напредување на украинскиот фронт , Американскоот претседетл Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за укранската армија , но и вети нова воена помош.
Реагираше Кремњљ. Американската админситрација во заминување е целосно посветенеа на продолжува на војната во Украина. Порторлот на Путин и денеска повтори дека Русија останува отворена за контакти и преговори за завршување на војната во Украина . Замрзнување на конфлиркт е непригалтиво за Москва.
-Пред сè, претседателот Путин навистина постојано, или подобро кажано постојано вели дека е подготвен за контакти и преговори. Претседателот, исто така, веќе рече дека некоја опција за замрзнување на овој конфликт не е опција за нас.. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои се добро познати на сите, зијави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Повкувајки се на пет актуелни и поранешни руски функцинери, Ројтес пишува - Путин има неколку услови за крај на војната и за нив ке разговара со новзибранеиот американски претседател Трамп.
- Путин бара Украина да се откаже од членството во НАТО
- Русија сака контрола врз анектираните украински области (Донецк, Луганск, Керсон, Запорожје)
- Москва размислува за повлекување од мали делови од територијата во областите Харков и Миколаев
- Путин ќе бара Украина да ја ограничи големината на своите вооружени сили
- Кремљ сака Киев да се обврзе да не ја ограничува употребата на рускиот јазик
- Можни безбедносни гаранции за Украина од Британија, Кина, Франција, Русија и САД.
Русија во моментов контролира повеќе од 110 000 квадратни километри украинсак територија додека Украина 650 квадратни киломтери руска териротија. Зеленски призна дека Украина би можеле да ја загуби војната доколку Трамп ја прекине политиката на неговиот претходник Бајден. По зголемените тензии помеѓу Вашингтон и Моксва кои носат ризик од нуклеарен ризик се огласи и Вучиќ. Српскиот претседател коментирајќи ги настаните рече дека добро го познава Путин и дека не се сомнева дека тој ќе употреби нуклеарно оружје ако безбедноста на Москва биде загрозена и ако нема излез.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
