Loading Video...
Свет
16. December 2024 - 20:15

Преглед на вестите од светот

Соединетите држави ја туркаат Русија на црвената граница. Моксва не може да не одговори на тоа истакна рускиот претседател Путин на состанокот со претставници на Министерството за одбрана на Русија. Изјави дека Соединетите Држави продолжуваат да испраќаат оружје, пари, платеници и воени советници во Украина а планираат и распоредување ракетни системи со дострел до 5.500 километри во Европа.

Ако САД почнат да распоредуваат такви системи, тогаш сите наши доброволни ограничувања ќе бидат укинати. Таквите мерки преходно беа забранети со Договорот за нукеларни сили со среден дострел, кој престана да биде ефективен на иницијатва на САД. Постојано изјавувме дека раскинувањето на овој договор ќе доведе до негативни последици за глобалната безбедност во целина, но нагласивме дека нема да распоредуваме ракети со среден и пократок дострел додека американскиот оружје од овој вид се појавува во кој било регион во светот“.

-Војната во Украина тема на состанокот на европските министри за надворешни работи во Брисел. Усвоени 15 пакет санкции против Русија, а за прв пат ЕУ воведе санкции за кинески компании кои снабдуваат компоненти за бесиполни летала на Русија.

Германскиот парламент во текот на денот ке гласа за доверба на владата на канцеларот Олаф Шолц.  Шолц ги повика пратениците да и изгласаат недоверба на владата, за да поднесе барање до сојузниот  претседател Штјанамер да го распушти парламентот и да распише предвремени избори. Доколку Штајнамер го распушти Бундестагот, предвремени избори мора да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето.

11 лица загинаа на францускиот остров Мајот од циклонот Чидо. Ветровите со брзина од 225 километри на час и бранови од 4 до 8 метри уништија цели населби. Тамошните власти стравуваат дека бројот на жртви може да надмине илајда.

-Мислам дека бројот на загинати може да достигне илајда, па дури и неколку илјади. Ќе биде тешко да се даде точен број на жртви, особено во оваа фаза. Многу куќи и објекти се унуштени. 

Чидо е најсилниот циклон што го погодил МАјот  во последните 90 години. Островот има околу 320 илјади жители, од кои повеќе од половина живеат во сиромаштија..