Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
- ДУИ нема намера да ги бојкотира локалните избори но одлуката на Уставен за Законот за јазиците може да предизвика политичка криза во која нема да може да се одржат избори. Уште еден претставник од највисокото ДУИ со закани. Секако дека ќе дојде до политичка криза ако се чепне zаконот за јазици.
Изјавата на Беџети е ретерирање од позициите на Ахмети кој во Липково рече дека нема да дозволат да се постават гласачки кутии на денот на изборите.
Променетата реторика на ДУИ доаѓа на ден по информацијата дека Уставниот суд добил јасна поддршка од САД да одлучува ослободен од притисоци во пресрет на подготвителната седница за Законот за јазици закажана за 20 март.
Беџети останува на ставот на ДУИ дека се потребни предвремени парламентарни избори заедно со локалните по кои би се формирала Влада која според него ќе имала легитимитет и кај Албанците.
Во македонскиот политички блок ваквите закани на ДУИ не предизвикаа вознемиреност. И Мицкоски и Филипче му порачаа на Ахмети дека веќе не е фактор на политичката сцена и дека за враќање на власт ќе биде неопходно внатрепартиско пречистување и реформи.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар