21 јуни денот на Охридското езеро
Засиленото загадување , рапидната урбанизација, се поголемиот број на пловни објекти, зголемениот излов односно криволов со кој се соочуваме децении наназад, искористувањето на водите од Охридско Езеро за производство на електрична енергија се само дел од предизвиците и заканите кои му се случуваат на Охридското езеро.Експертите со порака на одбележувањето на Денот на езерото дека сето тоа мора да биде запрено.
Иако охридското езеро има посебна моќ за самозаштита и самопрочистување сепак климатските промени негативно влијаат врз езерото.
Охридското езеро е ставено е на листата на УНЕСКО бидејќи исполнило голем број на критериуми за да биде прогласено за светско и природно културно наследство но добрите познавачи се децидни дека потребна е поголема заштита.
-
Нина Аритиновска
Сите содржини од овој новинар