Преглед на вестите од светот
Иранскиот ајатолах Али Хамнеи го прогласи Иран за победник во 12 дененвоот војување со Изарел. Во своето прво обраќање откако двете земји во понеделникот го прифатија прекинот на огнот предложен од Доналд Трамп, Хамнеи истакна дека САД воено итервенирал во Иран за да го спаси Израел од моќните удари на Иран, но и дека Иран им удрил шлаканица на Американците со нападот на воената база во Катар.
Оцени дека Трамп не постигнал ништо значајно со нападите врз иранските нукеларните постојки.
-Му упатувам неколку честитки на иранскиот народ. Едната е за победата над лажниот ционистички режим. И покрај целата врева и сите тврдења, ционистичкиот режим беше речиси паднат на колена и смачкан под ударите на Исламската Република.“„Втората честитка е за победата на нашиот сакан Иран над американскиот режим. Американскиот режим влезе директно во војната затоа што сметаше дека ако не го стори тоа, ционистичкиот режим ќе биде целосно уништен. Влезе во војната за да го спаси Израел, но не доби ништо од оваа војна. Тие ги нападнаа нашите нуклеарни постројки, што, се разбира, е предмет на независно гонење во меѓународните судови, но не беа во можност да постигнат ништо значајно.
Американскиот претсетдел пак тврди дека иранската нуклеарна програма на Иран е уназедена со децении благодарение на воената операцијата Полноќен чекан. Во меѓувреме, Врховното законодавно тело на ИРан, советот на чувари на Уставот го одобри закнот за прекин на соработката на Техеран со МААЕ.
Законот кој вчера беше усвоен од иранските парламент, предвидува дека сите идни инспекции на нуклеарните објекти од странаа на МААЕ ќе мора да добијат одобрение од Врховниот совет за национална безбедност.
Поројни дождови и силен ветер со брзина до 120 километри на час вчера попладне ја зафатија Франција при што загинаа две лица а над 17 се повредени. Службата за цивилна заштита соопшти дека жртвите биле на возраст од 12 и 59 години а настрадале при пад над дрва. Дождот поплави улици и метро станици во Париз. Невремето ја прекина и седницата на пратениците откако протече вода од крвот на француското собрание.
Шест лица се уапсени на неколку локации низ Србија синока поради сомнение за планирање насилна промена на власта во Србија обајви Српското министерство за внатрешни работи. Уапасените се на возраст од 47 до 57 години.
Постои сомнеж дека тие, на 21 јуни, се состанале во хотел во Краљево, со цел планирање на насилна промена на власта во Република Србија и договарале напади врз претставници на државни институции, физички напади врз припадници на полицијата со цел разоружување, насилни упади врз зградата на владата на Република Србија и на други институции, како на медиумски куќи- РТС, Хепи и Информер и се тоа со најава за употреба на огнено оружје, се наведува во соопштениетот на српското МВР.
На осомничените им е одреден 48 часовен притвор, дел од нив во текот на денешниот ден ќе бидат изведелеи пред надлежното обвинителство.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар