Преглед на вестите на светот
Русија изврши нов масовен напад во Киев, со над 550 проектили и дронови. Според извешатите на украинските власти 23 лица се повредени. Украина возврати со дронови врз Москва и Ростов, при што едно лице загина а погодени се трафостаници. Нападот врз украинската престолнина се случи неколку часа по телефонскиот разговор помеѓу претседателите на САД и Русија Трамп и Путин, по што Трамп рече дека е разочаран што Путин не е подготвен да ја заврши војната.
- Многу сум разочаран од разговорот што го имав денес со претседателот Путин.. И многу сум разочаран. Па, само велам дека не мислам дека сака да престане и тоа е многу лошо, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
За време на разговорот, претседателот Путин повтори дека сме заинтересирани за постигнување на нашите цели во „специјалната воена операција“ и дека би сакале да го направиме тоа со политички и дипломатски средства. Но, сè додека тоа не изгледа можно, ќе ја продолжиме нашата „специјална воена операција, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Украинскиот претседател Зеленски пак го повика Трамп да ја преиспита одлуката за прекин на испораката на американско оружје во Украина.
Шумскиот пожар што беснее во турската покраина Измир одзеде 2 живота. 81 годишен маж почина кога пламените јазици го зафатија неговиот дом а втората жртва е оператор на багер кој загина борејки се со пожарот. Пожарот избувна пред седум дена и досега проголта над 200 домови. Со шумски пожари се бори и Грција а најлоша е ситуацијата на јужниот брег на островот Крит. Над 1500 локални жители и турстите се евакуирани.
- Јас останав, останав и ја спасив мојата куќа, мојата куќа е таму. Да не останев, ќе изгореше. Се подготвив, со кофи, шишиња со распрскувач, го наполнив базенот со вода, го направив резервоар за вода.
Над 200 пожарникари, поддржани од противпожарни авиони се обидуваат да спречат огнената стихија да уништи уште куќи и други објекти.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар