Македонија
14. July 2025 - 16:30

Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте

Електронски пари без банка .Со добиената лиценца од Народната банка,  Иуте пау  на граѓаните ќе им овоможи целосно дигитализирани финансиси услуги – од отворање сметка  до платен промет во земјава, а наскоро и во странство. Ова е важен чекор до целосна либерализација и дигитализација на плаќањата, која ќе донесе корист за граѓаните и бизнисите преку зголемена конкуренција и поевтини и поиновативни платежни услуги.