Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
Екоактивисти и граѓани од Струмица излегоа на протестен марш, реагирајќи на континуираното горење на регионалната депонија Шапкар, што трае повеќе од еден месец.
Со транспаренти и пораки како „Не сакаме да дишеме отров“ и „Каде се надлежните?“, тие побараа итна интервенција од институциите и трајно решавање на еколошките проблеми во регионот.
Според нив, чадот што секојдневно се шири од депонијата го труе целиот град, а и покрај очигледната опасност, надлежните остануваат неми.
Протестот доби поддршка и од еколошки активисти од други градови, како и од иницијативата Зелена народна стража од каде порачаа дека ова била заедничка борба не само за еколошките проблеми во Струмица, туку и на другите градови од државата.
Активистите најавуваат дека протестите ќе продолжат доколку институциите не понудат конкретни решенија и рокови за справување со загадувањето.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар