Македонија
1. August 2025 - 12:18

Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Клиниката за уво, нос и грло во Скопје.

Заедно со него беше и министерот за здравство, Азир Алиу.

Повод за посетата е реконструкцијата на клиниката како и промоција на нова медицинска опрема и инфраструктурни зафати.