Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
Лице кое било под лупа на ДКСК е подносител на кривичната пријава против поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска.. Ја гони за несовесно работење како претседател на ДКСК бидејќи според него спорен бил начинот на кој неговиот предмет антикорупциска го споделила со јавноста.. Според Ивановска, кривичната била беспредметна.. Случајот бил работен како и сите останати, на јавна седница, а избор на новинарите бил како ќе го пренесат во јавноста..
Во зградата покрај кеј, Ивановска пристигна со адвокат.. Нешто повеќе од еден час се задржаа во просторијата на приземјето каде се одвиваше распитот.. За да не се попречува понатамошниот тек на истрагата, рече дека не смее да споделува информации за подносителот на кривичната и неговиот предмет кој го работела комисијата.. Бил оформен по сопствена иницијатива, од член на тогашниот состав, но кривичната се однесувала само на Ивановска..Таа денеска не прецизираше дали кривичната пријава ја смета како притисок по најавата дека влегува во трка за градоначалничко место..
„Ако јавното обвинителство постапувало секогаш ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите кои што треба, тогаш никој немал да се посомнева дека зошто па сега, зошто утре или задутре. Од тука произлегуваат сомнежите. Мене ми е прашањето, дали сите пријави кои биле архивирани на 25.07 се доставени на 14.08 кај оние што треба да ги примат и тоа од страна на полиција?“, изјави Билјана Ивановска.
Во домот на Ивановска полицијата затропа по неполни 24 часа од кандидатурата за градоначалник.. Јавниот обвинител барал поканата за распит да ја достави МВР.. За да не се сфати како притисок, обвинителството уште истиот ден информираше дека исказот, Ивановска може да го даде дури по завршување на локалните избори..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар