Loading Video...
Свет
20. August 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го одобри планот на армијата за освојување на градот Газа во појасот Газа и даде зелено светло за мобилизирање на околу 60 000 резервисти за спроведување на операцијата, потврди неговото министерство. Повиците за мобилизација се очекува да почнат наскоро,а  резервистите ќе имаат околу две недели да се подготват. Пред стартот на воените дејствија ,според планот на Израел, цивилите ќе бидат предупредени да го напуштат градот а израелската армија веќе поставува шаторски населби и засолништа на југ.Рокот за евакуација е поставен за 7 октомври.

Според проценките градот е дом на на околу милион луѓе.Одлуката за заземање на градот Газа доаѓа и покрај тоа Хамас прифати нов предлог за 60 дневен прекин на огнот во енкалавата, предложен од Египет и Катар.Израел сеуште го разгедува предлогот. 

Втор ден по ред граѓани и студенти во блокада ја блокираат зградата на судот во Нови Сад. Бараат укинување на притворот за сите уапсени од антивладините протести.. Српското министесртво за правда го осуди чинот и порача дека насилниците нема да ја спречат работат на институциите.

Полицијата им обезбеди непречен влез на вработени. Како одговор на антивладините демонстрации, за попладневно најавени се мирни собири на поддржувачите на власта во 50 градови низ Србија под слоганот Народот се крена , повече нема да трипи блокада на живот и насилство. 

Шпанија се соочува со едни од најраозните пожари во последните две децении , при што огнените јазици пустошат огромни шумски површини и изгореа куќи, фабрики и други објекти.  

- Не знам што ќе правам со мојот живот. Моите деца немаат дом, немам доволно за да го вратам она што го изгубив. 

- Спомени за мајка ми, фотографии, работи што никогаш нема да ги вратам, не можат да се вратат. Куќата и работите… ќе мора да продолжиме, може да се направи. Но, спомените. Јас пораснав тука, ништо не може да го избрише тоа.

Веќе десет дена пожарникари, потмогнати од армијата и авиони со вода се обидуваат да ги локализраат пожарите во северниот дел на  земјата.

Шпанската влада најави дека ќе ги прогласи најпогодените области за зони на катстрофа.