Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
Бројот на првачиња во општина Струмица кои вчера седнаа во училишните клупи бележи намалување. За разлика од лани, кога во прво одделение беа запишани 556 деца, оваа учебна година таа бројка изнесува 492 или околу 10 проценти помалку.
Намалувањето не се одразува само во градските училишта, туку е особено изразено и во населените места каде во некои села има само по едно или ниедно прваче.
И покрај намалувањето, уписите и понатаму се во тек. Од одделението за образование посочуваат дека традиционално во септември се запишуваат деца чии семејства биле на сезонска работа, но сепак не се очекуваат значителни промени во вкупната бројка.
Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, годинава 853 деца ги исполнуваат условите за запишување во прво одделение.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар