Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска во објава на Фејсбук.
- Стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за 1 процент помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.
Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69 проценти, додека увозот за 4,35 проценти. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти, стои во објавата.
Мицкоски посочува дека вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период минатата година.
- Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, наведува Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.
МИА
Ново на Сител
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација