Loading Video...
Свет
12. September 2025 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Полска ја затвори својата границата со Белорусија на неодредно време. Министерот за внатрешни работи  Марчин  Киервински изјави дека станува збор за мерка на претпазлвост поради руско белоруската воена вежба Запад 2025 која  почна  денеска а ќе заврши на 16 септември. Москва и Минс уверуваат, вежбата е планрана пред неколку месеци и не е насочена против никого. Тензиите следуваат откако на 10 септевмри     19 руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, од кои четири беа соборени со помош на сојузниците од НАТО.

- Денес на полноќ го затворивме сообраќајот на полско-белоруската граница. Ова се должи на почетокот, всушност тековните маневри” Запад”. Овие маневри се директно насочени кон Полска и ЕУ. Овие маневри се увежбување сценарија за агресивна војна против нашата земја. Постојано ќе ја анализираме ситуацијата, и доколку е потребно, Ќе донесеме одлука за враќање на граничниот сообраќај. Марчин  Киервински, министер за внатрешни работи на Полска. 

Покрај во Русија, Маневрите   ке се одвиваат во Белорусија, во близина на полската граница, како и во Балтичкото и Баренцовото море.. Запад 2025 вклучува симулација за употреба на нуклеарно оружје и хиперсоничната ракета Орешник од руско производство. Во мегувреме германската влада најавиј дека ке ја прошири  помошта во надзорот на воздушниот простор над Полска, по инциднетот  со дорнови .   Советот за безбедност на ОН ке одржи вонредна седдница во текот на денот  поради упадот  на  руски  дронови во Полска, кој полските власти  го опишаа како пробен балон на Русија за реакцијата од Варшава и НАТО. Русија го отфрла тврдењето дека намерно го нарушила полскиот воздушен простор.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето гостување во ток-шоуто „Фокс енд френдс“ на Фокс њуз, откри дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е упасен. На прашањето дали има некакви вести за осомничениот, Трамп одговори:

- Мислам дека со висок степен на сигурност го имаме во притвор,? Во притвор. Сите одлично си ја завршија работата. Соработувавме со локалната полиција, гувернерот, сите одлично си ја завршија работата.“

Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. ФБИ вчера објави фотографии,од можниот убиец на најпознатиот десничарки активист во Америка и близок соработник на ТРамп.  ОБјави и награда од 100 000 долари за информации што ќе помогнат во расветлување на убиството.  Кирк  беше застрелан во вратото средата додека држеше говор на отврено пред околу 3000 луѓе на  Универзитетот Јута во истомената американска созјуна држава. Тој беше однесен во болница, но почина набргу потоа.