Македонија
15. September 2025 - 12:08

Туристите од Турција повторно најбројни

Туристите од Турција околу  55 илјади повторно на врвот најбројни во земјава  , со што далеку го надминуваат бројот на гостите од останатите земји. По нив следуваат Србија со 9.898 туристи, Полска со 4.304 и Холандија со 3.989 гости.

Месец јули ја претвори Македонија во препознатлива туристичка дестинација  статистиката покажува рекорден број на гости со околу 210 илјади туристи и нешто повеќе од 770 илјади ноќевања .

Туристичките водичи остануваат на ставот дека Охрид привлекува туристи од сите категории и нуди понуда за сечиј вкус.

Податоците укажуваат дека главниот двигател на туризмот во Македонија сè повеќе стануваат странските гости. 

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.2 %,  а раст  има кај ноќевањата за 5.5 %.