Македонија
16. September 2025 - 12:19

Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“

Во пресрет на 17-ата по ред „Штипска пастрмалијада“, која ќе се одржи од 19-ти до 21- ви септември, односно, претстојниот викenд, приоритет се става на безбедноста на посетителите. За таа цел во Штип претстојувашe директорот на Бирото за јавна безбедност, Алелсандар Јанев. 

- Без разлика дали полицијата ќе биде регионалан или ќе биде повлечена од национално ниво, се надевам дека во координација со добро осмислен план сите точки ќе бидат покриени. Целосно, од перимерат на влез, до периметар на излез, на прилив и одлив на луѓето кои ќе бидат овде присутни. Најважно ни е, граѓаните да бидат безбедни, спокојни, а ние како полиција да си ја вршиме нашата работа, тивко, нешујно и во позадина, изјави Александар Јанев, директор на БЈБ

Посебен акцент се става на саботата, кога на главната сцена на градскиот стадион ќе настапи регионалната музичка ѕвезда Дино Мерлин, за кога се очекува рекордна посетеност на градот и на самата манифестација.

- Имајќи во предвид интересот и посетеноста која ќе се случи овој викенд во Штип, сакам да ја искорситам можноста да се заблагодарам на соработката што ја имаме со СВР, со МВР и со директорот на БЈБ и се надевам дека така ќе продолжи и во иднина, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Јанев посебно се осврна на проектот „Штип безбеден град“, за инсталирање на видео надзор, поточно 146 камери на 54 локации на територијата на општината, со посебен мониторинг систем со 6 вработени, кој во иднина е неопходен за градот како регионален економски, културен и универзитетски центар.