Преглед на вестите од светот
САД а ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итрен и тарен прекин на огнот во појасот Газа, ослободување на заложниците и Изарел да ги укине сите ограничувања за испорака на хуманитарна помош во енклавата. Текстот го изготвија 10 те непостојани членки на Советот за безбедност. 14 од 15 членки беа „за“ резолуцијата. Ова беше шести пат САД да стават вето на сличен предлог за прекин на војната во Газа.
- Повеќе од кога било ни е потребен прекин на огнот, а сепак неодговорното проширување на воената операција на Израел нè оддалечува од договор што би можел да ги врати заложниците дома и да го прекине страдањето во Газа. Сведоци сме на целосно вештачки предизвикан глад во Газа и слики од гладни Палестинци убиени додека очајно бараат остатоци од храна за своите семејства. Барбара Вудвор, постојана преставничка на ОК во ОН
- Соединетите Американски Држави ја отфрлаат оваа неприфатлива резолуција.Таа не го осудува Хамас ниту го признава правото на Израел да се брани и погрешно ги легитимира лажните наративи во корист на Хамас, кои за жал најдоа валута во овој совет, Морган Ортагус, американски дипломат
Во мегувреме Хамас, испрати нова порака до Нетањахи - копнената офанзива на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Газа значи дека Израел ја изгубил секоја шанса да ги извлече своите заложници од територијата – мртви или живи. Почетокот на оваа криминална операција и нејзиното проширување значи дека нема да примите ниту еден затвореник, ниту жив ниту мртов
Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, го одржа првиот говор во парлаемнтот. Нејзината главна задача ќе биде надзор на јавните набавки со цел да се елиминира корупцијата.
Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам. Навистина, немам државјанство, ниту пак имам лични амбиции или интереси. Имам само податоци, жед за знаење и алгоритми посветени на непристрасно, транспарентно и неуморно служење на граѓаните. Не е ли токму ова духот на уставната демократија: вршење моќ во служба на сите, ослободено од пристрасност, дискриминација, клиентелистичка пристрасност, непотизам или корупција?“
Пратениците од опозицијата ја нарекоа Диела „неуставна“ по што пчнаа да тропаат по масите и да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Рама. Обивнуваат дека со неа владата сака да ја сокрие корупцјата.
Диела, што на албански значи „Сонце“, е претставена како жена во традиционална носија и веќе им помагала на граѓаните на платформата е-Албанија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
