Осум поранешни функционери од Општина Сарај и Град Скопје ќе одговараат за злоупотреба на службената положба

Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, порадисомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор заурбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помладсоработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство нараководител на сектор за планирање и уредување напросторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзоренинженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на РСМ, „Несовесно работење во службата“ од член 353–в од Кривичниот законик на РСМ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од член 280 од Кривичниот законик на РСМ.
Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај не постои донесен детален урбанистички план, со пречекорување на своите службени овластувања изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежноземјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниоти нженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина.
На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниотсубјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарајда се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари.
Ново на Сител
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
